Од што се направени тампоните?

Знаеме дека го сакате најдоброто за себе. Безбедноста е голем фактор во животот, почнувајќи од храната што ја консумирате, па сѐ до личните производи што ги користите. Во TAMPAX целосно се согласуваме со тоа и затоа продолжуваме да изработуваме производи од безбедни материјали, кои се употребуваат со години и кои редовно ги тестираме за дополнително да се осигуриме дека се безбедни.

Производите на TAMPAX претставуваат уникатна комбинација од материјали што влеваат поголема доверба во поглед на заштитата од протекување и удобноста. Како што можете да видите на сликата подолу, производите на TAMPAX се составени од три главни елементи: јадро што апсорбира, апликатор за лесно вметнување и комбинација од врвца и од конец за отстранување.

Правиме опширни испитувања за да бидеме сигурни дека милиони жени низ светот ќе можат да ги употребуваат нашите производи со целосна самодоверба. Овие испитувања потоа се прегледуваат од независни стручњаци, вклучувајќи лекари, научници и здравствените власти, чијашто работа е да ја контролираат безбедноста на тампонот. Нашите тампони имаат сертификат OEKO-TEX® STANDARD 100, што значи дека сите материјали што ги употребуваме се тестирани за опасни супстанции. Кликнете тука за повеќе информации во врска со OEKO-TEX® STANDARD 100.

Погледнете го следново објаснување за составните делови и за материјалите вклучени во нашите тампони и зошто сме ги избрале токму нов. Лизгајте ги сликите за да го видите составот на секоја продажна серија.

Сакате ли да знаете повеќе за специфичниот состав на вашиот тампон од TAMPAX?

Тампоните на TAMPAXСостав
TAMPAX Compak Lites/Regular/Super/Super Plusвискоза, полиестер и памук

Сакате ли да прашате нешто?

Дали е безбеден составот на нашите тампони?

Да, нашите тампони се безбедни и секојдневно ги употребуваат милиони жени низ светот. Безбедносните испитувања и компонентите се постојано проверувани од независни стручњаци, вклучувајќи лекари, универзитетски научници и здравствени власти, чијашто работа е да ја контролираат безбедноста на тампоните, кои потврдија дека нашите тампони се безбедни за употреба. Пред тампоните да се пуштат во производство, на годишно ниво, во независни лаборатории се спроведуваат повеќе од 10.000 тестови и повеќе од 1.000 тестови за квалитет на материјалот на тампоните. Нашите тампони имаат сертификат OEKO-TEX® STANDARD 100, што значи дека сите материјали што ги употребуваме се тестирани за опасни супстанции. Кликнете тука за повеќе информации во врска со OEKO-TEX® STANDARD 100.

ПРАШАЊА ЗА СОСТАВОТ НА ТАМПОНИТЕ

Прашања за составните делови на TAMPAX

Затоа што се грижиме еднакво колку и вие за составните делови на тампонот.

За што е наменет апликаторот и од што е направен?

Апликаторот помага за удобно вметнување на тампонот. Нашите пластични апликатори се направени од материјал што се рециклира (PE/PP), а картонските апликатори се од збиена хартија и, исто така, можат да се рециклираат. Бојата што ја употребуваме за апликаторите е безбедна, со пигмент што не иритира, кој најчесто се употребува во широк спектар производи, како што се шминка и пакувања за храна.

За што е наменето јадрото што апсорбира и од што е направено?

Обезбедува заштита преку апсорбирање и задржување на менструалната течност. Направено е од вискоза и од памук. Вискозата често се нарекува вештачка свила и е материјал што се употребува во најразлични производи како кесички за чај и секојдневна облека. Памукот го одржува и снабдува компанијата „Barnhardt Manufacturing Company“ на одржлив начин и со сертификат OEKO-TEX® STANDARD 100.

За што е наменет материјалот околу јадрото што апсорбира и од што е направен?

Тенкиот материјал околу јадрото што апсорбира помага лесно да се отстрани тампонот. Направен е од синтетички влакна, како полиестер, полиетилен и полипропилен и се употребува често затоа што содржи меки влакна со висока моќ на впивање - како тие што се употребуваат во спортска облека.

За што е наменета врвцата и од што е направена?

Се користи за да се отстрани тампонот и е направена од синтетички влакна, како полиестер, полиетилен и полипропилен и се употребува често затоа што содржи меки влакна со висока моќ на впивање - како тие што се употребуваат во спортска облека.

За што е наменета нишката и од што е направена?

Се користи за да се поврзе врвцата со јадрото што апсорбира и е направена од синтетички влакна, како полиестер, полиетилен и полипропилен, кои се употребуваат често затоа што се меки и со висока моќ на впивање - како тие што се употребуваат во спортска облека.

тампоните предизвикуваат иритација или алергија?

Сите наши производи поминуваат низ ригорозни евалуации за безбедност на кожата со цел да се осигуриме дека се безбедни. Аромата што ја употребуваме во тампоните ги исполнува строгите безбедности СТАНДАРДИ воспоставени од страна на „International Fragrance Association“, водечкиот авторитет во светот за безбедност на ароми. Нашите производи се јасно обележани дали имаат ароми за тие што повеќе сакаат тампони без мирис.

ОПШТИ ПРАШАЊА ЗА СОСТАВНИТЕ ДЕЛОВИ НА ТАМПОНОТ

За нас се важни затоа што се важни за вас.

Зошто тампоните не се направени од 100 проценти памук?

Сите производи на TAMPAX се водат според строгите СТАНДАРДИ за безбедност и ефикасност, без разлика од што се направени. Тампоните се дизајнирани да обезбедат оптимално ниво на заштита и на удобност. Употребата на памук, како и на вискоза ни помага да произведеме тампони што ги постигнуваат овие потреби. TAMPAX нуди производи од памук, вискоза и од комбинација од памук и од вискоза, уште од основањето во 1936 година.

Дали пластичните апликатори содржат БПА (Bisphenol A)?

Не содржат. Пластичните апликатори на TAMPAX се направени од пластика што не содржи БПА.

Дали тампоните на TAMPAX се направени од материјал за „суперапсорбирање“?

Не, нашите тампони не содржат материјал за „суперапсорбирање“.

Дали тампоните на TAMPAX се избелуваат со хлор?

Не, влакната што апсорбираат употребени во тампоните на TAMPAX се направени со процес на избелување што не содржи хлор.

Зошто е потребно да се избелат материјалите на TAMPAX?

Избелувањето е технички термин што се употребува за чистење и за прочистување на влакната. Прочистувањето на памукот и на вискозата се прави за да се елиминираат нечистотиите и да се исчистат влакната. Избелувањето на влакната е резултат на процесот, а не негова цел.

Имам слушнато дека тампоните содржат токсични количини диоксин. Точно ли е тоа?

Не, прочистувањето на памукот и на вискозата се прави со основен процес без хлор, кој не создава диоксин. Можете да прочитате нешто на оваа тема на веб-страницата на FDA. Посетете ја нивната страница и ќе најдете информации за тампоните. https://www.fda.gov/ForConsumers/ConsumerUpdates/ucm612029.htm Влакната што апсорбираат што се употребуваат во денешните тампони се направени со процес на избелување што не содржи основен хлор и со тоа се спречува производите да имаат опасни нивоа на диоксин (вид загадувач што се сретнува во природата).

Дали тампоните на TAMPAX содржат азбест?

Не, тампоните на TAMPAX никогаш не содржеле азбест. За дополнителни информации, посетете ја веб-страницава. https://www.fda.gov/ForConsumers/ConsumerUpdates/ucm612029.htm

Што има да каже FDA за загриженоста за диоксин, азбест и за TSS?

Можете да прочитате нешто на оваа тема на веб-страницата на FDA. Посетете ја нивната страница и ќе најдете информации за тампоните. https://www.fda.gov/ForConsumers/ConsumerUpdates/ucm612029.htm Влакната што апсорбираат што се употребуваат во денешните тампони се направени со процес на избелување што не содржи основен хлор и со тоа се спречува производите да имаат опасни нивоа на диоксин (вид загадувач што се сретнува во природата).

Дали во тампоните има пестициди или хербициди, како глифозат?

Не, нашиот снабдувач на памук потврдува дека влакната не содржат глифозат. Освен тоа, снабдувачите употребуваат процес на прочистување со кој се уништуваат (или отстрануваат) евентуалните остатоци од пестициди или хербициди.

Top